Вести Свет

Ураганот Мелиса се засилува и се движи кон Куба

Ураганот Мелиса се засилува додека се движи кон Куба, откако ја погоди Јамајка како најсилната бура што ја зафати карипската држава во поновата историја. Според извештаите, на островот се пријавени најмалку три жртви, а властите предупредуваат дека вистинските размери на штетата ќе бидат познати утрово. Поплави се пријавени на југозападниот брег на Јамајка, каде сведоци опишуваат екстремни ветрови и уништени домови. „Ветровите се толку силни што не можеш да стоиш исправен“, изјави еден жител за BBC News, додека друга жена рече дека „водата пробива низ покривот“ и дека се плаши за својот живот. Јамајканската влада објави дека воспоставила официјална интернет-платформа за координација на помошта и собирање донации… Министерката за образование, млади и информации, Дана Морис Диксон, предупреди граѓаните да внимаваат на лажни повици за донации и истакна дека преку официјалниот сајт граѓаните ќе можат да следат информации за засолништа, ресурси и итни состојби.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Без да се прифатат клучните барања на вработените, усвоени законите за судска и обвинителска служба – синдикатот реагира дека не се гарантира ни независност ни повисоки плати

Дејан Дејан

Болница „Демир Хисар“ прибежиште на осуденици со лажни психијатриски наоди – последиците ги трпат вистинските пациенти кои се малтретирани и заплашувани

Дејан Дејан

(видео)Две млади срнички пресретнати на Шар планина – препорака при ваква средба не го допирајте животното

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе