Соединетите Американски Држави ја известија Романија, но и сојузниците на НАТО, за плановите за намалување на бројот на војници на источното крило на Европа, вклучувајќи ги и војниците кои треба да бидат стационирани во воздухопловната база „Михаил Когалничану“, соопшти денеска романското Министерство за одбрана.
Се наведува дека одлуката е очекувана со оглед на промените во приоритетите на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп.
Исто така, наведено е дека се очекува и околу 1.000 американски војници и натаму да бидат стационирани во Романија.
