Македонија

Нелегални интернет платформи неовластено го користат името и логото на Државна лотарија: Предупредување од Државна лотарија за играчите на интернет игри на среќа

Ги повикуваме сите играчи на интернет игри на среќа да внимаваат при изборот на интернет платформи и да учествуваат исклучиво преку официјалните канали на Државна лотарија, со цел да се заштитат од можни злоупотреби. Односно, да учествуваат во игри на среќа, кои се транспарентни, регулирани и одговорно приредени.

Државна лотарија, како единствено овластено друштво за приредување игри на среќа во Република Северна Македонија, ја информира јавноста дека исклучиво таа има законско право да приредува лотариски, инстант лотариски и интернет игри на среќа на територијата на државата.

Секоја појава на трета страна, која неовластено користи визуелни елементи, лого или други обележја што претставуваат интелектуална сопственост на Државна лотарија, претставува нелегално користење и кршење на законските прописи, со што се доведува во заблуда јавноста и се нарушува довербата во легалниот систем за игри на среќа.

Секогаш избирајте легално. Изберете Државна лотарија, изберете ја единствената легална платформа за интернет игри на среќа megawin.mk. Играј одговoрно, играј сигурно.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Без да се прифатат клучните барања на вработените, усвоени законите за судска и обвинителска служба – синдикатот реагира дека не се гарантира ни независност ни повисоки плати

Дејан Дејан

Болница „Демир Хисар“ прибежиште на осуденици со лажни психијатриски наоди – последиците ги трпат вистинските пациенти кои се малтретирани и заплашувани

Дејан Дејан

(видео)Две млади срнички пресретнати на Шар планина – препорака при ваква средба не го допирајте животното

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе