Вести Македонија Најважни

Кривична пријава за поранешен директор на АХВ, земал за 1000 евра повисоки дневници

За 1000 евра назаконски исплаќани дневници кривична пријава заработи поранешниот директор на Агенцијата за храна и ветеринарство, Зоран Атанасов. МВР му поднесе пријава на Атанасов поради сомнение за проневера во службата, а тогашниот заменик директор Фирус Мемед и петмина други вработени се под сомнение за помагање во проневера на службата. Атанасов, според МВР, се стекнал со противправна имотна корист во вкупен износ од 62.530 денари, бидејќи примал повисоки дневници за време на неговите службени патувања во странство. Наместо од 20 отсто, дневниците биле повисоки за два и пол пати, односно 50 отсто.

„З.А. во својство на директор на Агенцијата за храна и ветеринарство, во периодот од 2017 до 2020 година, во повеќе наврати, со намера противправно да прибави за себе парични средства кои му биле доверени во службата, за службени патувања во странство на кои истиот присуствувал, примал дневници во висина од 50%, иако согласно Уредба за изменување на Уредбата за издатоците на службени патувања и службени патувања во странство требало да прима само 20%, бидејќи трошоците за сместување и исхрана не паѓале на товар на институцијата“, соопштија од МВР.

Тогашниот заменик директор Фирус Мемед ги потпишувал решенијата за одобрување на службените патувања во странство и со тоа му помогнал на Атанасов незаконски да ги присвои парите. Останатите вработени исто така ги одобрувале патувањата и исплаќањето на дневниците врз основа на претходно изготвените решенија, иако знаеле дека тоа е на штета на буџетот на Агенцијата за храна и ветеринарство.

Атанасов беше директор на агенцијата од јуни 2017 година декември 2020 година, а поднесе оставка од функцијата, за како што најави, да биде советник за земјоделство, безбедност на храна, ветеринарна и фитосанитарна политика на тогашниот премиер Зоран Заев.

Марија Митевска

  

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Без да се прифатат клучните барања на вработените, усвоени законите за судска и обвинителска служба – синдикатот реагира дека не се гарантира ни независност ни повисоки плати

Дејан Дејан

Болница „Демир Хисар“ прибежиште на осуденици со лажни психијатриски наоди – последиците ги трпат вистинските пациенти кои се малтретирани и заплашувани

Дејан Дејан

(видео)Две млади срнички пресретнати на Шар планина – препорака при ваква средба не го допирајте животното

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе