Вести Македонија Најважни

Директорот на ЈП „Комунална хигиена“, Сабахадин Рустеми поднел оставка од морални причини

Директорот на ЈП „Комунална хигиена“ Скопје, Сабахадин Рустеми си поднел оставка од функцијата поради морални причини. Ова го соопшти неговиот адвокат Асмир Алиспахиќ, во изјава за медиумите, по распитит во Кривичниот суд, кој на Рустеми и на раководителот на сектор за отпад Аки Саити, им изрече 30-дневен притвор поради опасност од влијание врз сведоци и можност за повторување на делото.

Алиспахиќ вели дека оставката Рустеми не ја дава зошто се чувствува одговорен за ситуацијата со сметот во Скопје, туку да не влијае врз истрагата.

„Неговата оставка е по советување и координација со нас како бранители. Тоа е чин што ќе овозможи непречено водење на истрагат се со цел да докажеме дека истиот нема никаква поврзаност, а во насока дека ниту може да влијае, ниту влијаел и ниту ќе попречи во било какво водење на истрагата“, изјави адвокатот Алиспахиќ.

Алиспахиќ, исто така, нагласи дека имаат голем број на докази со кои, како што нагласи ќе докажат дека Рустеми преземал дејствија за обезбедување потребна механизација, барање поголеми ресурси како и вработување, но не му било одобрувано од управниот одбор.

Директорот Рустеми беше поставен на функција од градоначалничката Арсовска на почетокот на годинава.

Предлогот прифатен – 30 дена притвор за директорот на ЈП „Комунална хигиена“

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Без да се прифатат клучните барања на вработените, усвоени законите за судска и обвинителска служба – синдикатот реагира дека не се гарантира ни независност ни повисоки плати

Дејан Дејан

Болница „Демир Хисар“ прибежиште на осуденици со лажни психијатриски наоди – последиците ги трпат вистинските пациенти кои се малтретирани и заплашувани

Дејан Дејан

(видео)Две млади срнички пресретнати на Шар планина – препорака при ваква средба не го допирајте животното

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе