Вести Свет

Џонсон: Нема време за уставни измени за нов мандат на Трамп

Претседателот на Претставничкиот дом на САД, Мајк Џонсон изјави дека разговарал со американскиот претседател Доналд Трамп за уставните ограничувања и дека нема доволно време да се направат измени во основниот закон кои би му овозможиле да се кандидира за трет мандат во Белата куќа.

Седумдесет и деветгодишниот Трамп вчера одби јасно да каже дека нема намера да се кандидира повторно, со што ги поттикна шпекулациите за можен обид да остане на власт и по завршувањето на актуелниот мандат.

„Има одличен мандат. Но мислам дека претседателот знае, и разговаравме за тоа, дека постојат ограничувања во Уставот, рече Џонсон пред новинарите. Тој додаде дека не гледа начин да се измени Уставот, бидејќи процесот трае околу 10 години, време потребно за ратификација од сите држави. Не гледам пат кон тоа“, заклучи Џонсон.

Сојузниците на Трамп, меѓу кои и Стив Бенон, во неколку наврати сугерираа дека би можело да се испита можноста за укинување на ограничувањето на два мандата, запишано во 22-от амандман на Уставот.

Трамп, пак, на митинзи и со продажба на капи со натпис „Trump 2028“, годината на следните избори, често сугерира идеја за трет мандат.

„Тој се забавува дразнејќи ги демократите, кои паѓаат во паника дури и од самата можност“, изјави Џонсон. Актуелниот мандат на Трамп истекува во јануари 2029 година.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Бугарско МНР: Наредена е инспекција за да се утврдат сите факти поврзани со обработката на нотата поврзана со Мицкоски

Дејан Дејан

Без да се прифатат клучните барања на вработените, усвоени законите за судска и обвинителска служба – синдикатот реагира дека не се гарантира ни независност ни повисоки плати

Дејан Дејан

Болница „Демир Хисар“ прибежиште на осуденици со лажни психијатриски наоди – последиците ги трпат вистинските пациенти кои се малтретирани и заплашувани

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе