Најмалку 6-мина меѓу кои и поранешна директорка на прилепската болница се приведени во рамки на истрага за злоупотреби со јавни набавки, потврдија за Телма од истрагата.
Истрагата се одвивала речиси цела година во финансиската полиција, а опфатени се најмалку дваесетина лица. Денеска се приведени 6-мина во полициската станица во Прилеп.
Според првичните информации од истрагата, опфатен е и сопственик на фирма преку која се вршеле спорните набавки вредни околу 800 илјади евра.
Повеќе детали за акцијата се најавени во текот на утрешниот ден.
Миомир Серафиновиќ
