Три децении потоа. Атентат кој не успеа,но Македонија уште ги живее раните на случајот кој се уште е отворена истрага.
Додека мерцедесот во кој беше претседателот Глигоров стои распарчен од бомбара во гаража на МВР, КОД открива нови моменти кои не беа расветлени- имало и трет фото робот за осомничен за учество во атентатот кој никогаш не бил објавен.
Соговорниците на КОД со свои сознанија и анализи за можните учесници во атентатот. Еден е познат криминалец од Белград од 90-тите години на минатиот век.
Како се одвивала истрагата, зошто атентаторите знаеле која е трасата на претседателот.
Оваа епизода на КОД беше емитувана на 12.10.2025. на ТВ Телма.
