Uncategorized Вести Економија Најважни

Можни се нови дефекти – каква грејна сезона не чека?

Каков старт на грејната сезона е пред нас?

По предвременото пуштање на парното на почетокот на октомври поради падот на температурите под 12 степени, во среда и официјално треба да почне сезоната на топли радијатори. Но, колку ќе бидат топли зависи од повеќе аспекти.

Веќе е најавено дека првите два до три дена – од 15 до 17 октомври греењето може да биде послабо, поради ремонт на цевката во Бугарија, преку која се испорачува гас во земјава. Од друга страна за време на предвремениот старт на грејната сезона излегоа низа проблеми.

Дел поради дефекти на внатрешни инсталации на самите корисници на градско парно, дел заради неплатени сметки за струја за потстаница – проблем што го повлече прашањето дали може би треба да се разгледа нов начин на пресметка и наплата на потрошената електрична енергија за потстаницата.

Но, имаше и такви домаќинства кои немаа никакви проблеми, а за време на предвремениот старт на сезоната не добиваа греење,  според пропишаните правила.

Зошто се случи тоа, од ЕСМ во одговор за Телма соопштија дека при проверките на мрежата констатирале  дефекти. Но, со стартот на 15 октомври не се исклучува можноста и од појава на нови.

Во рамките на тие активности, откриени се околу 80  дефекти и истите се целосно санирани. Сепак, староста на мрежата не ја исклучува можноста од појава на нови дефекти, се вели во одговорот на ЕСМ.

Градско парно користат над 60 илјади домаќинства. Трите компании за топлинска енергија на ЕСМ пак кои за време на енергетската криза го преземаа греењето, според податоците на Министерството за финансии се во долгови. Најголем е оној на компанијата за дистрибуција на топлина.  Последно кај цената на парното немаше промени.

Ирена Чачкова 

Б.С.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ранѓеловиќ: Перцепцијата за „предавство“ на претходната власт сè уште ѝ носи предност на Владата

Tea Dimkovska

Македонија избрана за членка на Економскиот и социјалниот совет на Обединетите нации

Tea Dimkovska

Ричард Гир: Мигрантите не се „штетници“, туку луѓе кои бегаат од страдање

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе