КОД истражува дали пожарот во Трубарево бил подметнат? Ф-групацијата имала ангажирано надворешно обезбедување кое на поставените сензори во обејктот пред пожарот регистрирале движење, иако кога пожарот избувнал никој не бил на работа.
Закон има но изречени казни нема за: „Тој што складира, расфрла или остава опасен отпад…. ќе се казни со затвор од четири до десет години.“
Изгорената пластика и пластични материјали во Трубарево се најопасниот ризик кој се појави во атмосферата по големиот пожар во Трубарево, вели за КОД професорот на Институтот за хемија Валентин Мирчески.
Емисијата беше прикажана на 28.09.2025. на ТВ Телма.
