Вести Економија Македонија

Индустриското производство во првите осум месеци поголемо од лани за 2,2 отсто

Индустриското производство во периодот јануари – август 2025 година е зголемено за 2.2 % во однос на периодот јануари – август 2024 година, објави Државниот завод за статистика.

Во август годинава, пак, споредено со истиот месец лани, е намалено за 3.5 %. Во секторот Рударство и вадење на камен во август 2025 година, во однос на август 2024 година, бележи пораст од 7.0 %, во секторот Преработувачка индустрија има опаѓање од 1.4 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација намалување од 26.8 %.

Според главните индустриски групи, производството во август 2025 година, во однос на август 2024 година, бележи опаѓање кај Енергија за 23.7 %, Капитални производи за 12.0 %, Трајни производи за широка потрошувачка за 9.1 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 5.7 %, додека пораст бележи кај Интермедијарни производи, освен енергија за 14.8 %

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Буарското МНР се дистанцира од скандалот со објавувањето на дипломатската нота поврзана со семејството на премиерот Мицкоски

Дејан Дејан

Два силни земјотреси со јачина од 7.5 и 7.2 степени ја погодија Венецуела

Дејан Дејан

ЕУ до 2029 година ќе воведе дигитално евро

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе