Вести Економија Свет

Трамп воведе царини и за увоз на мебел

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, потпиша проглас со кој се воведува царина од 10 проценти за увоз на дрвeна граѓа, додека царината за тоалетни и кујнски елементи и тапацирани дрвени производи ќе изнесува 25 проценти, објави Белата куќа.

Царините ќе стапат на сила на 14 октомври, според текстот на прогласот на Трамп објавен од Белата куќа.

Од 1 јануари, царините ќе бидат дополнително зголемени – на 30 проценти за тапацирани дрвени производи и на 50 проценти за кујнски и тоалетни елементи увезени од земји кои не постигнале договор со Соединетите Американски Држави.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нетанјаху: Во ниту еден момент не сум побарал дозвола од Трамп да го нападнам Иран

Sasko Dimovski

„Обвинителството мора да реагира за Јанушев, Законот предвидува и до 5 години затвор“, велат од СДСМ

Дејан Дејан

„Филипче молчи и не го осуди дипломатскиот скандал на Бугарија со дипломатската нота со која се наруши безбедноста на претседателот Мицкоски“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе