Вести Економија

НБРСМ: Просечната каматна стапка на вкупните кредити бележи годишен пад од 0,54 п.п. и изнесува 4,90%

Годишен раст на просечната каматна стапка на вкупните депозити од 0,23 п.п., при што во август таа изнесува 2,19%.

Просечната каматна стапка на вкупните кредити бележи годишен пад од 0,54 п.п. и изнесува 4,90%.

  • Во август 2025 година, просечната каматна стапка на вкупните кредити изнесува 4,90% и е намалена за 0,01 п.п. и 0,54 п.п. на месечна и на годишна основа, соодветно. Просечната каматна стапка на вкупните депозити бележи месечен пад од 0,02 п.п., при годишен раст од 0,23 п.п. и изнесува 2,19%, соопштува Народната банка.

Според НБРСМ, просечната каматна стапка на новоодобрените кредити, во август, е повисока за 0,06 п.п. на месечна основа и изнесува 4,48%, додека на годишна основа е намалена за 0,56 п.п. Просечната каматна стапка на новопримените депозити изнесува 2,06% и оствари месечен и годишен пад од 0,29 п.п. и 0,37 п.п., соодветно.

Во август 2025 година, просечната каматна стапка на вкупните кредити на корпоративниот сектор изнесува 4,52% и е намалена за 0,02 п.п. на месечна основа. Месечниот пад се должи на пониските каматни стапки на денарските кредити без валутна клаузула и каматните стапки на кредитите во странска валута (за 0,04 и 0,03 п.п., соодветно), во услови на раст на каматните стапки на денарските кредити со валутна клаузула (за 0,23 п.п.). На годишна основа, оваа каматна стапка е намалена за 0,68 п.п.

  • Во август, просечната каматна стапка на вкупните депозити на корпоративниот сектор оствари месечен пад од 0,13 п.п. и изнесува 2,53%. Надолната промена се должи на намалените каматни стапки на денарските депозити без валутна клаузула и каматните стапки на депозитите во странска валута (за 0,13 п.п. и 0,10 п.п., соодветно), во услови на непроменети каматни стапки на денарските депозити со валутна клаузула.

Во споредба со август претходната година, просечната каматна стапка на вкупните депозити на корпоративниот сектор е зголемена за 0,33 п.п.

  • Каматната стапка на новопримените депозити4 на корпоративниот сектор, овој месец, изнесува 1,86% и забележа месечно намалување од 0,53 п.п. Притоа, падот произлегува од пониските каматни стапки на депозитите во странска валута и каматните стапки на денарските депозити без валутна клаузула (за 1,08 п.п. и 0,31 п.п., соодветно). Во август, банките и штедилниците не евидентирале новопримени денарски депозити со валутна клаузула. На годишна основа, оваа каматна стапка бележи пад за 0,13 п.п., соопшти Народната банка.

Според НБРМ, во август 2025 година, каматната стапка на вкупните кредити на домаќинствата оствари пад од 0,01 п.п. на месечна основа и изнесува 5,27%. Промената во целост се должи на намалените каматни стапки на денарските кредити без валутна клаузула (за 0,03 п.п.), додека каматните стапки на останатите категории кредити се непроменети. Каматната стапка на вкупните кредити на домаќинствата е пониска за 0,39 п.п. на годишна основа.

Најновото соопштение за позначајните движења кај каматните стапки на банките и штедилниците е достапно на следната врска:

https://www.nbrm.mk/content/statistika/Soopstenija/%D0%9AS/2025/Soopstenie_za_pecat_kamatni_stapki_2025_avgust_mk.pdf

Дигитална обработка: Б.С.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нетанјаху: Во ниту еден момент не сум побарал дозвола од Трамп да го нападнам Иран

Sasko Dimovski

„Обвинителството мора да реагира за Јанушев, Законот предвидува и до 5 години затвор“, велат од СДСМ

Дејан Дејан

„Филипче молчи и не го осуди дипломатскиот скандал на Бугарија со дипломатската нота со која се наруши безбедноста на претседателот Мицкоски“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе