Вести Економија Топ вести

МЕМО, МЕПСО и Електродистрибуција денеска треба да достават пресметки- ќе се носи нова цена за пренос и дистрибуција на струја

Денеска истекува рокот во кој енергетските компании МЕПСО, Електродистрибуција и МЕМО треба да ги достават своите пресметки врз основа на кои ќе се утврдува новата цена за пренос и дистрибуција на струја. Откако комисијата ќе ги добие овие документи ќе ги анализира и ќе се донесе одлука.  Овие трошоци се дел од фактурата за електрична енергија кои граѓаните ги добиваат секој месец.

Колку ќе чини транспортот на струја ќе зависи и од пресметките на компаниите, но и од одлуката на регулаторите. Неодамна претседателот на комисијата Бислимовски изјави  дека не очекува да има драстични промени.

Сепак, какви сметки за електрична енергија ќе добиваат граѓаните најмногу  зависи  од ЕСМ по која цена ќе му ја продава својата струја на Универзалниот снабдувач ЕВН ХОУМ кој пак повиоко треба да го објави до крајот на годинава.

Во моментов струјата за домаќинствата електрани ја продава по цена од 62 евра за мегават час.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нетанјаху: Во ниту еден момент не сум побарал дозвола од Трамп да го нападнам Иран

Sasko Dimovski

„Обвинителството мора да реагира за Јанушев, Законот предвидува и до 5 години затвор“, велат од СДСМ

Дејан Дејан

„Филипче молчи и не го осуди дипломатскиот скандал на Бугарија со дипломатската нота со која се наруши безбедноста на претседателот Мицкоски“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе