Светот се соочува со клучен избор меѓу меѓународен поредок базиран на правила, кој ги поддржува мултилатерализмот и Повелбата на Обединетите нации или хаотичен свет базиран на унилатерализам, насилство и непочитувања, изјави претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта доцна синоќа во обраќањето пред Генералното собрание на ОН во Њујорк.
„Алтернативата на меѓународниот меѓународен поредок базиран на правила е хаотичен и насилен свет. Каков што гледаме во Судан, каде се одвива разорен конфликт со уништување од огромни размери на кој не се посветува внимание. Каков што гледаме во Газа. Каков што гледаме во Украина“, рече Кошта.
Според него, Европската Унија како проект на мир, помирување и социјална правда, точно знае на која страна е при тој избор и е и ќе остане цврст бранител на мултилатерализмот, меѓународниот поредок базиран на правила и на Повелбата на ОН.
Кошта посочи дека ЕУ го осудува тероризмот во сите негови форми, не ги заборава ужасните напади на Хамас и го поддржува правото на Израел на безбедност, но не може да молчи пред незамисливото страдање и хуманитарната катастрофа во Газа.
„Користењето на гладот како оружје во војна е неморално“, изјави Кошта.
Претседателот на Европскиот совет нагласи дека исто како и Израелците и палестинскиот народ имаат право на безбедност и да живее во одржлива држава.
