Вести Култура Македонија

„Мајка“ на Теона Стругар Митевска го отвори 46-тиот фестивал „Браќа Манаки“

Со силна и емотивна приказна за животот и хуманистичкото наследство на Мајка Тереза, во режија на Теона Стругар Митевска, синоќа беше отворено 46. издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ во Битола.

Филмот „Мајка“, кој е дел од официјалната конкуренција, претставува поинакво остварување од  досегашните проекти на Митевска. Во овој филм имав самодоверба да ги поместам границите, рече Митевска

Кога работевме на Јас сум од Титов Велес, се трудевме да го следиме правилото на божествената хармонија. Во Петрунија решивме да го прекршиме тоа правило и го ставивме протагонистот во центарот на кадарот. Со Мајка отидовме чекор понатаму – ги редефиниравме сите правила, обидувајќи се да ја најдеме убавината во несовршеното, преку искуството и емоцијата на главниот лик, изјави режисерката Теона Стругар Митевска

Во главните улоги настапуваат Нуми Рапас и Силвија Хукс, заедно со Никола Ристановски, Лабина Митевска и актери од регионот. Визуелниот израз на филмот е дело на белгиската кинематограферка Виржини Сен-Мартан, која со Митевска има долга соработка.

„За разлика од првиот наш заеднички филм, ‘Јас сум од Титов Велес’, кој беше статичен, овде имавме динамика и впечатлив лик – Мајка Тереза. Станува збор за седум дена во нејзиниот живот, во кои таа донесува клучни одлуки“ истакна Виржини Сен-Мартан, режисерка 

На свеченото отворање, турскиот режисер Семи Капланоглу ја доби наградата Златна камера 300 за особен придонес во светската кинематографија.

„Ја посветувам оваа награда на режисерката и фотографка Фатима Хасуна, која беше убиена од израелските сили. Ја посветувам, во нејзино име, на децата, жените и сите невини цивили во Газа кои се жртви на геноцидот, рече лауреатот Семи Капланоглу.

Петчлено меѓународно жири ќе ги избере добитниците на златна, сребрена и бронзена „Камера 300“. Фестивалот ќе биде затворен на 26 септември со доделување на наградите и проекција на филмот „Диџеј Ахмет на Георги М. Унковски, сниман од кинематограферот Наум Доксевски.

Емилија Мисирлиевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Телма во Тиват: Самит што може да го смени патот кон ЕУ

Kristina Kuzmanovski

Во Скопје ЗОО се родија две бели волчиња

Tea Dimkovska

Финскиот претседател: ЕУ треба да се стреми да го зголеми бројот на 40 членови

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе