Вести Култура

Прво издание на фестивалот „ Under 600“ посветен на независниот театар од Западен Балкан

Здружението „Штрих“ , составено од млади театарски уметници од Скопје , го организира фестивалот „ Under 600“ , посветен на независните театри од Западен Балкан. Фестивалот ќе се одржи од 25 до 28 септември во Скопје, под мотото „И покрај сѐ“, а ќе бидат прикажани 12 претстави и перформанси, со посебен фокус на македонската независна продукција.

В четврток ( 25 септември), програмата почнува со претставата „Снег“ во 19 часот, во Денсинг салата на Младинскиот културен центар. Претставата е во продукција на „Штрих“ од Скопје, а во режија на Зоја Бузалковска. Истата вечер, во 21.30 часот, ќе може да се види „Крст со петокрака“ во киното „Фросина“ – МКЦ. Претставата е во продукција на театарот „Корифеј“, Колашин, Црна Гора, во режија на Зоран Ракочевиќ.

В петок ( 26 септември) во 17 часот е закажан перформансот „Ready-made play“ на улица „Македонија“. Перформансот е на актерот и музичар Ивица Димитријевиќ, во продукција на „МИ филм и театар“ од Скопје. На Факултетот за драмски уметности – Скопje, во 18 часот, ќе може да се проследи „Сѐ додека зборуваме за љубовта“, во продукција на театарот „Промена“ од Нови Сад, Србија, а во режија Маша Павловиќ. А, претставата „Којзнае зошто?“ публиката ќе може да ја погледне во 20 часот, во киното на железничката зграда. Таа е во продукција на здружението „Купола“, Штип, во режија на Дамјан Читкушев. Истата вечер на Факултетот за драмски уметности, во 22.30 часот, ќе биде одиграна претставата „Ла Макбет“,  во продукција на „Хибрид“ од Скопје, во режија на Шенај Мандак.

В сабота (27.09) во „Котур кафе и филм“, во 17 часот ќе може да се погледне монодрамата „Срам“ на Ангела Стојановска, во продукција на „Тииит Инк!“- Скопје. Од 18 часот на улицата „ Македонија“ е репризата на перформансот „Ready-made play“,  на Ивица Димитријевиќ. А, во 19 часот ќе настапи театарот „Златен елец“ со претставата „Добри луѓе“, во киното во Железничката зграда. Истата вечер на Факултетот за драмски уметности – Скопје, во 21 часот, е закажана „Загатката на револуцијата“ во продукција на театарот „Дах“ од Белград, во режија на Дијана Милошевиќ.

В недела (28.09)  во 17 часот во „Гарсон бар“ ќе се одржи проекција на видеото „KRIEG/A-C-I-N-S-E-L-A-K“, во продукција на „ИТИ Македонија“. Се работи за експериментален театарски проект на Ивана Апостолова- Баскар. Во 18.30 часот ќе биде изведена претставата „Смрт во Дубровник“, во продукција на „Празен простор“, од Подгорица, Црна Гора, во режија на Петар Пејаковиќ.

Програмата ќе заврши со „Онлифенс“, во продукција на „Артопија“,  што ќе се игра во „Д дјуд спешалти кафе“.

„Андр 600“ е иницијатива за зајакнување на независниот театар во регионот на Западен Балкан, со фокус на младите уметници. Зад иницијативата стои здружението „Штрих“, заедно со театарот „Дах“ од Србија и театарот „Корифеј“ од Црна Гора. Регионалниот карактер на фестивалот овозможува создавање заедничка енергија и согледување на творечките сличности и различности во регионот.

Фестивалот „ Under 600“ е дел од проектот „Култура и креативност за Западен Балкан“ (ЦЦ4ВБс), финансиран од Европската Унија, кој што има цел да го подобри дијалогот во Западен Балкан преку зајакнување на културниот и креативниот сектор, како и развојот на потенцијалот на секторот за социјално и економско влијание во овој регион.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Зеленски го повика Путин на директни разговори за крај на војната – дојди слободно во Москва, одговори Кремљ

Igor Trajkov

(Видео)Мицкоски задоволен од средбата со Мерц на вториот ден од Самиот ЕУ–Западен Балкан

Tea Dimkovska

Пријателска средба со францускиот претседател – Мицкоски со Макрон во Тиват

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе