Uncategorized Вести Македонија Најважни

(Видео)Мицкоски задоволен од средбата со Мерц на вториот ден од Самитот ЕУ–Западен Балкан

Започна вториот ден од Самитот ЕУ–Западен Балкан во Тиват. Македонскиот премиер Христијан Мицкоски, веќе се состанал со германскиот канцелар Фридрих Мерц пред почетокот на самиот. На средбата се разговарало на нон-пејперот за земјите од Западен Балкан.

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека е исклучително задоволен од средбата со Мерц, но не обзнани дополнителни детали.  Дополнително премиерот на својот „Фејсбук“ профил објави и слика со францускиот претседател Емануел Макрон, каде во описот напиша дека и со него имале пријателска и срдечна средба на која разговарале за регионот, за прашања важни за иднината на македонските граѓани и за европските перспективи, теми на кои како што пишува долго време работеле.

Дополнително денес во фокус ќе биде европската интеграција, нон-пејперот, безбедносните предизвици и засилување на усогласеноста со политиките на ЕУ. Очекувањата се дека од Самитот ќе бидат испратени пораки за „нов моментум“ и побрза, поконкретна перспектива за земјите од Западен Балкан.

Новинарката Марија Дивитарова известува од Тиват, Црна Гора  

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Зеленски го повика Путин на директни разговори за крај на војната – дојди слободно во Москва, одговори Кремљ

Igor Trajkov

Пријателска средба со францускиот претседател – Мицкоски со Макрон во Тиват

Дејан Дејан

Рокас: Уставните измени се клучни за напредок кон ЕУ

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе