Вести Култура

Филмот „ Хембој“ на етнологот Елизабета Конеска награден на фестивал во Хрватска

Eтнолошко- документарниот филм „ Хембој“, од етнологот Елизабета Конеска, во продукција на Музејот на Македонија освои награда во конкуренција од 134 филмови, пријавени на фестивалот ТЕФ Фест Крк 2025, во Хрватска, информираат од музејот.

Филмот е сниман во текот на 2014 – 2015 година и скоро десет години подоцна, во 2023,. Тој е сведоштво за наследството на занаетите и традициите како и на секојдневните активности во мултиетничката средина во скопската чаршија.

Нарадата ќе биде врачена на 25 септември , а поради неможност авторката Конеска да присуствува на свечениот чин, признанието ќе ја земе во нејзино име директорката на македонскиот Културно-информативен центар во Загреб, Мими Ѓоргоска- Илиевска.

Повеќедецениската продукција на етнолошко – документарни филмови во Музејот на Македонија, како и презентирањето на овие филмови на фестивали во регионот и во светот, има голем придонес во популаризирање на македонската визуелна етнологија во меѓунарондни рамки, велат од музејот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Зеленски го повика Путин на директни разговори за крај на војната – дојди слободно во Москва, одговори Кремљ

Igor Trajkov

(Видео)Мицкоски задоволен од средбата со Мерц на вториот ден од Самиот ЕУ–Западен Балкан

Tea Dimkovska

Пријателска средба со францускиот претседател – Мицкоски со Макрон во Тиват

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе