Вести Култура

НОБ ја отвора сезоната со премиера на балетот „Градина на почетоците“

Секогаш инсистирав на моите студентите да им покажам дека треба да знаат да создаваат дела и врз база на духовна музика и врз база на електронска музика и врз база на современите текови во творештвото, вели композиторот Стојков во пресрет на премиерата на балетот „Градина на почетоците“.  На сцената на Националната опера и балет до сега се поставени две дела на Стојков балетот „Охридска робинка Ташула“ и операта „Змејова невеста“.

Со премиерната изведба на балетската претстава  „Градина на почетоците“ од композиторот Стојан Стојков, Националната опера и балет в петок свечено ќе ја отвори новата балетска сезона. За мене потребата да се создаде едно дело и во континуитет да ја чувствувате возбудата кога се раѓа нешто ново е смислата на животот, вели Стојков. Во таа насока и изведбата на домашните автори е само уште една потврда за сето она што тие го создаваат.

  • Многу е важно, тоа ги стимулира. Кога композиторот ќе си го слушне своето дело, не само еднаш туку повеќе пати. И тоа не значи само за композиторот туку и за нашето општество, нашата култура, музичка култура и општата култура, затоа што творештвото е нашиот идентитетот- Стојан Стојков, композитор.

За композиторот Стојков ова е прва соработка со турскиот кореграф Џан Арслан и како што вели самиот веднаш се разбравме на кој начин ги гледаме нештата, затоа што улогата на кореографот е исклучително важна, тој е ко-автор на балетот.

  • Навистина ми се допадна идејата што ја имаше, музиката е навистина моќна. Ја видов неговата визија и разговаравме како јас ја гледам неговата музика и беа навистина слични нашите гледишта и се одлучив да работам на овој проект- Џан Арслан, кореограф.

На кој начин ќе биде презентирано домашното творештво говори и за тоа на кое ниво е свеста што претставува национална стратегија и сите фактори кои имаат подеднаков влог во неа. Џан Арслан е светски признат кореограф со кој сме соработувале повеќе пати, вели Павлов, но тука се отвора и едно друго прашање во врска со македонските кореографи:

  • Морам да напоменам дека за ова дело сите македонски кореографи лично јас како раководител тогаш ги прашав и бев одбиен. Од сите македонски кореографи за жал. Џан Арслан беше единствениот со кој што во тој период  имавме една соработка и тој прифати, ја слушна музиката му се допадна, идејата со Стојан Стојков , му се допаднаа визиите и тој го прифати овој проект- Киро Павлов, генерален менаџер на НОБ.

Се надевам дека балетската претстава „Градина на почетоците“ ќе биде подолго време на репертоарот, во исто време ќе има можност за нејзино претставување во светски рамки, што уште една потврда за уметничката вредност на домашното творештво, нагласи Павлов.

Во претставата по либрето на Ефтим Клетников според поемата „Маж и жена со лице спроти ѕвездите“, главните ликови им се доверени на Марија Кичевска Шокаровска, Ева Перковска, Франциско Хименес Руиз (Шпанија), Симона Колиштркоска и Ендру Кук (Англија).

Нина Стефанова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Меѓународната агенција за атомска енергија на вонредна седница по нападот врз нуклеарната централа барака во Обединетите Арапски Емирати

Tea Dimkovska

„Мислев дека ќе го изгубиме“: Први снимки откако во пожар гореше најголемиот носач на авиони

Kristina Kuzmanovski

Експертска група подготвува мерки за обнова на моликата на Пелистер

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе