Вести Култура

МНТ со „ Ничија земја“ учествува на фестивалот „ Acting Europe-Театар без граници“

Македонскиот народен театар  со претставата „НИЧИЈА ЗЕМЈА“ ќе го отвори новиот европски театарски фестивал „ACTING EUROPE – ТЕАТАР БЕЗ ГРАНИЦИ“, што започнува утре (18.09.2025) во Ќустендил- Република Бугарија, информираат од МНТ.

 МНТ ќе ја отвори првата фестивалска вечер  со претставата по текстот на Данис Тановиќ, во режија на Александар Морфов. Во неа настапуваат докажаните актери: Сашко Коцев, Тони Михајловски, Гораст Цветковски, Александар Микиќ, Борче Начев, Оливер Митковски, Софија Насевска-Трифуновска Александар Михајловски, Томе Станковски, Александар Ѓорѓиески, Ненад Анѓелковиќ, Никола Стефанов, Стефан Спасов, Григор Јовановски, Кристина Гиева, Филип Миленкоски, Александар Ивановски и Марија Кондовска.

 Првото издание на фестивалот „Acting Europe – Театар без граници“ ја нагласува улогата на богатството на меѓукултурната разновидност на европската театарска сцена, преку претставување класични и современи продукции од различни земји, вели директорот на МНТ , Никола Кимовски. 

 –   МНТ со задоволство ја прифати поканата да го отвори првото издание на новоформираниот меѓународен фестивал во Ќустендил, чија мисија е да прерасне во активна европска сцена за уметничка размена, меѓукултурен дијалог и заедничко креирање, поттикнувајќи ја соработката помеѓу театарски ансамбли, режисери, актери и сценски работници од регионов. Фестивалот има убава цел   ̶  да создаде жива европска сцена, над националните и културните рамки, со идеја да постави основа за долгорочен и меѓународен уметнички дијалог“, вели Кимовски.

 Фокусот на фестивалот „ Acting Europe- Театар без граници“ е насочен кон копродукции, создадени или адаптирани во духот на меѓународната соработка, кои што го демонстрираат потенцијалот на вмрежување, интердисциплинарни пристапи и обединување преку границите. А, во првото издание ќе учествуваат реномирани театарски куќи од Македонија, Србија и Бугарија.

 Разновидната придружна програма, пак, ќе понуди низа професионални и културни активности насочени кон едукација, инспирација и професионална размена. Ќе се одржат работилници и обуки со претставници на Генералниот директорат за образование и култура на Европската комисија од Брисел, и тоа на теми посветени на европско финансирање и мобилност за театри, како и на новите трендови и предизвици поврзани со дигиталниот, одржлив и колаборативен театар во 2025 година.

Во рамките на програмата ќе се одржи и тркалезна маса со режисери, актери и културни менаџери од регионот, изложби на сценографија, костими, постери, фотографии и архивски материјали, проекции на документарни филмови посветени на театарскиот живот и прекуграничната културна соработка, презентации на студентски проекти и настапи на млади уметници од академиите за сценски уметности, како и креативни настани и неформални средби, кои ќе поттикнат создавање нови партнерства и можности за соработка.Настанот се реализира под покровителство на Европската Унија, со поддршка на Претставништвото на Европската комисија во Бугарија, општина Ќустендил и Сојузот на артисти во Бугарија.

Гостувањето на Македонскиот народен театар во Ќустендил се реализира со поддршка од Министерството за локална самоуправа на Р. С. Македонија, во рамки на Програмата за прекугранична соработка меѓу Македонија и Бугарија, финансирана од Европската Унија преку интегриран развој на прекуграничниот регион.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Меѓународната агенција за атомска енергија на вонредна седница по нападот врз нуклеарната централа барака во Обединетите Арапски Емирати

Tea Dimkovska

„Мислев дека ќе го изгубиме“: Први снимки откако во пожар гореше најголемиот носач на авиони

Kristina Kuzmanovski

Експертска група подготвува мерки за обнова на моликата на Пелистер

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе