Вести Култура

Врвни музичари од земјите на ЕУ и Западен Балкан ќе учествуваат на културната иницијатива „Една песна, една Европа“

Културната иницијатива „Една песна, една Европа“, која го слави заедничкото наследство и креативниот дух на Европа обедини на едно место 12 врвни музичари од земјите на ЕУ и Западен Балкан.

„Со генерации луѓето ширум Западен Балкан и земјите-членки на ЕУ растеле со истите песни и вредности. Денес, без разлика дали во дигиталниот или физичкиот свет, културата и понатаму е мост што ги обединува генерациите, народите и нивните стремежи“, велат организаторите на овој настан кој деновиве се реализира во Скопје во Националната филхармонија.

  • „Една песна, една Европа“ е проект на WeBalkans комуникации кој е финансиран од Европската Унија. Ние се собравме овде да ја отсвириме „Ода на радоста“, односно на „Ода на радоста“ која веќе постои да ѝ дадеме еден призвук на земјите од Западен Балкан. Но, во истовреме да ги поканиме и музичарите од земјите-членки на Европската Унија- Самра Лучкин, менаџер за стратешки комуникации во WeBalkans
  • Имаме многу моќна порака. Сум патувал насекаде низ светот соработувајќи со музичари од многу култури, од тука, од Африка, од Азија и сите ние го зборуваме истиот јазик, се сакаме меѓусебе. Не се занимаваме со политика, раси или религија. Споделуваме нешто убаво и моќни сме со оваа порака, да го видиме светот обединет. Сите треба да се сакаме и почитуваме едни со други- Мајк дел Феро, пијанист од Холандија.  
  • Среќен сум што сум дел од овој проект „Една песна, една Европа“. Чувството е убаво дека има многу музичари од Балканот и од Европа. Со дел од нив се знаеме, со дел пак ова е можност да се запознаеме. И поминавме многу убаво на проба- Серџук Алимов, трубач од Македонија.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Меѓународната агенција за атомска енергија на вонредна седница по нападот врз нуклеарната централа барака во Обединетите Арапски Емирати

Tea Dimkovska

„Мислев дека ќе го изгубиме“: Први снимки откако во пожар гореше најголемиот носач на авиони

Kristina Kuzmanovski

Експертска група подготвува мерки за обнова на моликата на Пелистер

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе