Вести Култура

МАНУ домаќин на Конгресот на Меѓународната асоцијација за проучување на Југоисточна Европа

Макаденската академија на науките и уметностите за прв пат е домаќин на 13. Конгрес на Меѓународната асоцијација за проучување на Југоисточна Европа (AIESEE ) кој се одржува од 15 до 19 септември.

Седиштето на оваа асоцијација се наоѓа во Париз  и функционира под покровителство на УНЕСКО.

Темата на годинашниот конгрес е: Комуникација и размена, Југоисточна Европа во рамките на глобалните социјални, политички и културни процеси.

  • Во денешно време, во контекст на комплексна и тешка интернационална ситуација во Европа не е помалку важно за нас научниците во областа на хуманистичките науки да покажеме дека веќе сме едно семејство, што значи да продолжиме да ја браниме имплементацијата на универзалните критериуми во академските истражувања, да се држиме до историските факти и објективна интерпретација на настаните и процесите, изјави Александар Костов, претседател на AIESEE
  • Ќе ја истакнеме интеракцијата  помеѓу нациите, заедниците, луѓето и различните контексти објаснувајќи ги нашите идеи, погледи и нашите ставови за минатото и иднината. Се надевам дека овој конгрес во исто време ќе поттикне научна интеракција и соработки и ќе понуди на учесниците платформа за размена на идеи, откривајќи нови можности, стекнувајќи нови пријатели, проширувајќи го нивното знаење, изјави Драги Ѓоргиев, претседател на Македонскиот национален комитет на AIESEE, при МАНУ. 
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Меѓународната агенција за атомска енергија на вонредна седница по нападот врз нуклеарната централа барака во Обединетите Арапски Емирати

Tea Dimkovska

„Мислев дека ќе го изгубиме“: Први снимки откако во пожар гореше најголемиот носач на авиони

Kristina Kuzmanovski

Експертска група подготвува мерки за обнова на моликата на Пелистер

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе