Вести Култура Македонија

„Пат низ времето“: Отворена нова поставка во Археолошкиот музеј со 5000 артефакти

Со звуците на топчестата флејта на маестро Драган Даутовски стара 6000 години бројните посетители имаа можност да зачекорат низ новата постојана музејска поставка во Археолошкиот музеј низ која се разоткриваат слоевите на историјата напластени на македонско тло.

Во изминатиов период околу 36 кустоси и над 15 надворешни соработници, тука подразбирам археолози, документатори, конзерватори , архитекти, дизајнери успеавме за многу кусо време да направиме музејска поставка која што се простира на 6000 метри квадратни во 121 витрина се поместени над 5000 предмети од сите временски периоди кои што се работат на територијата на Македонија, почнувајќи од палеолитот и завршуваме со 20 век, односно Првата светска војна, вели Магдалена Манаскова, директорка на Археолошкиот музеј.

Постојат моменти во историјата на еден народ кога времето како да застанува. Моменти во кои чувствуваме како минатото и иднината се сретнуваат во сегашноста за да не потсетат кои сме и што значи да се биде свој. Таков момент е и овој денес, затоа што независноста не е само политички чин, ниту симболична декларација. Независноста е живо ткаење од сеќавањата, докази и сведоштава, порача министерот за култура и туризам, Зоран Љутков.

Во рамките на изложбата се опфатени и наодите кои беа откриени минатата година на Архајската некропола во  Корошишта кои го привлекоа вниманието на домашната и светска јавност. Станува збор за 123 предмети, дел од нив се изложени, за дел меѓу кои се поголемите бронзени предмети конзервацијата се уште е во тек, вели Арџанлиев кој со Илија Бошковски се куратори на изложбата.

Значењето е огромно бидејќи се работи за епохално откритие затоа што ја возбудивме не само јавноста туку и целата археолошка фела во Европа и светот. Ние сме горди што за толку кус период преку 60 наоди да ги претставиме пред сите. Тоа се златни апликации дел од сребрен наки, килибарни монистри, изјави Перо Арџанлиев, куратор на изложбата.

 Со отворањето на оваа изложба во Археолошкиот музеј беше најавен и нов начин на презентација на археолошките пронајдоци во Македонија со користење на нова технологија со QR кодови и аудио водичи.  Воедно и едукативни работилници за најмладите кои на еден креативен начин ќе се запознаат со археологијата и сето она што во себе го обединува музејската дејност.  Тие се идните посетители на музеите, вели Манаскова, затоа е потребен е соодветен пристап кон едно дете за да ја разбудите неговата љубопитност и да му го задржите вниманието што не е нималку лесно во ова брзо темпо на живеење и технолошки развој.

Нина Стефанова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Спасувале животи за време на пожарот во „Пулс“-тврдат обвинетите полицајци

Дејан Дејан

Мешовитата историска комисија на Македонија и Бугарија со нула напредок – со години заглавена кај учебникот за седмо одделение

Tea Dimkovska

Се стега обрачот околу игрите на среќа

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе