Пожарот во фабриката во Виница се шири многу брзо, противпожарните екипи се на терен и се обидуваат да го локализираат. Огнот е проширен долж фабриката, а жители на Виница кои имаат објекти во близина на огнот стравуваат тој да не се прошири и кон нив. На лице место е присутно и амбулатно возило, а официјално не е познато дали во фабриката кога избувал пожарот имало и луѓе. Од ЦУК информираат дека пожарот е пријавен во 18.40 часот.
-Денес, во 18:40 часот, во Центарот за управување со кризи преку бројот Е-112 е добиена пријава за пожар во фабриката за кандирани производи и вафли „Винчини“ во Виница. Пожарот избувнал во магацините и во производствените погони 6, 7 и 8 на фабриката. На терен веднаш излегле екипите на ТППЕ Виница со неколку противпожарни возила и пожарникари. До градоначалникот на Виница е дадена насока да побара дополнителна поддршка и помош од соседните општини. Веќе се вклучени ТППЕ Кочани и ДПД Кочани со сите свои капацитети и ресурси, а поддршка е побарана и од Општина Македонска Каменица и Штип. Доколку биде потребно, ќе се ангажираат сили и од други општини. Со оглед на тоа дека станува збор за специфичен урбан пожар, неопходно е ангажирање исклучиво на професионални пожарникари, велат од ЦУК.
