Со палење на фестивалскиот оган и традиционално читање на песната „ Тга за југ“ од Константин Миладинов и со настап на повеќе поети, синоќа во градот на Дрим започна 64. издание на меѓународниот поетски фестивал „Струшки вечери на поезијата“.
Годинашен лауреатот на Златниот венец е словачкиот поет Иван Штрпка. Тој вели дека иако словачкиот и македонскиот јазик во словенскиот свет се третираат како мали јазици, поради бројот на говорници, со нив се создаваат значајни дела кои што светот треба да ги види, да ги оцени и да ги вреднува уште повеќе.
