Вести Култура

Да се спаси Охридскиот регион од листата загрозено наследство треба да се менуваат закони и Планот за управување

За да се спаси Охридскиот регион од листата на УНЕСКО на загорозено светско природно и културно наследство, треба да се менуваат закони и планот за управување. Ова денеска во Охрид го изјави министерот за култура и туризам , Зоран Љутков, по одржувањето на седницата на Националната комисија на УНЕСКО, со која претседава тој како министер.

Седницата се одржа откако Комитетот за светско наследство при УНЕСКО, на одржаната 47 сесија минатиот месец  во Париз, донесе нацрт- одлука за ставање на Охридскиот регион на листата загрозено наследство, но не ја ефектуираше по поднесениот амандман од нашата делегација и им даде рок на Македонија и Албанија  до 1 февруари 2026 година да ги спроведат препораките на реактивните мисии кои го посетија Охридскиот регион претходните години и да изготват извештај за напредокот во заштитата.

Во нацрт-одлуката на Комитетот, од Македонија беше побарано итно да ја подобри заштитата на Студенчишко Блато, веднаш да запрат сите градежни активности во околината на блатото и кај хотелот „Горица“, и да се ревидира Предлог-Законот за прогласување на Студенчишко Блато за Парк на природата, за да биде во согласност со меѓународните стандарди.

На денешниот состанок , на кој присуствуваа претставници од дваесетина надлежни инситуции во земјава, е предвидена временска рамка за реализација на предвидените активности , за што ќе биде известена Владата, кажа министерот.

  • Владата на седица во јули годинава веќе донесе заклучоци кои се во постапка на имплементација , а Министерството за култура и туризам активно учествува со свои претставници во сите работни групи. На таа седица Владата ги задолжи Министерството за транспорт, Министерството за животна средина и просторно планирање и Министерството за култура и туризам , општините Охрид, Струга и Дебарца , во наредниот период да подготват и да достават до Владата предлог на Закон за изменување на Законот за управување со светското природно и културно наследство во Охридскиот регион . Да се разгледа Планот за управување со Светското природно и културно наследство на Охридскиот регион , особено во делот на урбанизација и бесправно изградени објекти и да се предложи изменување на соодветни законски и други акти , и интензивно да се работи на спроведување на препораките од Извештајот на УНЕСКО. Значи, потребна е јасна координација и одговорност, кажа Зоран Љутков, министер за култура и туризам.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Спасувале животи за време на пожарот во „Пулс“-тврдат обвинетите полицајци

Дејан Дејан

Мешовитата историска комисија на Македонија и Бугарија со нула напредок – со години заглавена кај учебникот за седмо одделение

Tea Dimkovska

Се стега обрачот околу игрите на среќа

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе