Вести Наука и здравје Свет

Во Охајо се роди бебе со ембрион што бил замрзнат во 1994 година

Брачна двојка од американската сомјузна држава Охајо доби син од ембрион што бил замрзнат повеќе од 30 години, што се смета за нов светски рекорд во областа на вонтелесно оплодување (ИВФ). Зафатот бил извршен во клиниката „Риџојс Фертилити“ во Тенеси од каде велат дека ги вградуваат сите ембриони што ќе ги добијат, без оглед на староста.

Линдзи (35) и Тим Пирс (34) станаа родители на Тадеус Даниел Пирс, а семејството го опиша настанот како „нешто од научнофантастичен филм“.

„Не се обидувавме да собориме рекорд, само сакавме да имаме дете“, изјави Линдзи.

Ембрионот бил формиран во 1994 година, кога Линда Арчерд (62) со тогашниот нејзин сопруг минале низ ИВФ постапка. Од четирите ембриони, еден бил искористен за раѓање на нивната ќерка, а останатите три ги замрзнале.

Претходниот рекорд го држеа близнаци родени во 2022 година од замрзнати ембриони во 1992 година, пренесува „Би-Би-Си“.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пожарот кај „Рампа“ ставен под контрола, еден пожарникар повреден во неговото гасење

Дејан Дејан

Иран и Катар ја обновуваат поморската трговија по речиси петмесечна пауза

Дејан Дејан

Венс: Британците ги разочара водството, на земјата и се потребни големи промени

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе