Вести Македонија

Насилникот од Радовиш испратен на психијатриско лекување во Негорци

Од СВР Струмица информираат дека насилникот од Радовиш кој во живо на Тик Ток, беше фатен како тепа женско лице за кое се тврди дека е неговата бремена сопруга, е упатен на психијатриско лекување во Негорци, потврдија од СВР Струмица.

Во соопштението се вели: Во текот на 2024 година во ОВР Радовиш од страна на две женски лица биле пријавени два случаи против лицето, од кои едно за „телесна повреда“ и едно за „загрозување на сигурноста“, кои се во целост расчистени и до надлежното обвинителство се поднесени соодветни поднесоци. На 27 март 2025 лицето е спроведено на лекување во Психијатриска болница Негорци, велат од СВР Струмица.

Статистиките од МВР за изминатите 2 години покажуваат дека  пријавувањето на семејното насилство  бележи благ пораст. Но, доколку жртвата не даде согласност, насилникот не може кривично да се гони, како што е во случајот со насилникот од Радовиш, во кој  партнерката  одбила да го пријави, што  уште еднаш ја отвори потребата од измени во кривичниот законик и кривичното дело  „телесна повреда при семејно насилство” да се гони по службена должност.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Без да се прифатат клучните барања на вработените, усвоени законите за судска и обвинителска служба – синдикатот реагира дека не се гарантира ни независност ни повисоки плати

Дејан Дејан

Болница „Демир Хисар“ прибежиште на осуденици со лажни психијатриски наоди – последиците ги трпат вистинските пациенти кои се малтретирани и заплашувани

Дејан Дејан

(видео)Две млади срнички пресретнати на Шар планина – препорака при ваква средба не го допирајте животното

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе