Вести Економија Македонија Топ вести

ССМ ќе одлучува какви чекори ќе преземе по однос на минималната плата

Претседателството на Сојузот на синдикати на Македонија денеска ќе одлучува за следните чекори во однос на минималната плата, откако Владата во вторникот ја усвои одлуката за зголемување на минималната плата за 1.800 денари во нето износ.

ССМ смета дека одлуката на Владата не е законска бидејќи не била консултирана со сите социјални партнери, како што бара Законот за минимална плата.

Претставниците на синдикатите истакнуваат дека ова е прв пат Владата самостојно да ја донесе одлуката за минималната плата, без консултации со работниците и работодавачите преку Економско-социјалниот совет.

Од Владата, пак, тврдат дека одлуката е легитимна и дека е донесена согласно законските критериуми.

Предлогот на Сојузот на синдикати на Македонија е минималната плата да се зголеми за 6.000 денари имајќи го предвид растот на трошоците на живот, а придонесите за разликата до 30.000 денари, колку што би изнесувала минималната плата, да ги субвенционира Владата во траење од една година.

И  Европската конфедерација на синдикати чии претставници на 14 март беа во Скопје застанаа зад барањето на ССМ посочувајќи дека минималната плата во Македонија е најниска во регионот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Папа Франциск – човекот на промените во Католичката црква

Дејан Дејан

Вчера верба, денеска сомнеж – Трамп скептичен дека Путин сака крај на војната

Дејан Дејан

Електронски до неосудуваност

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе