Вести Економија Топ вести

Регулаторната гилотина се покажа како грешка па затоа се подготвуваат измени во Законот за угостителство

Гилотинирање на регулаторната гилотина. Наместо на „жими мајка“ од сопствениците на угостителските објекти, министерството за економија подготвува законски измени кои предвидуваат Комисија составена од инспекторати, МВР УЈП и ДЗС кои ќе ја проверуваат документацијата пред ад се даде дозвола за градба или лиценца .Од Владата нема информација колку ќе трае мораториумот ниту пак кај кои јавни и приватни објекти и установи се нотирани неправилности бидејќи контролите се уште биле во тек.

Регулаторната гилотина се покажа како грешка па затоа се подготвуваат измени во Законот за угостителство со кои државните институции и инспекторати ќе контролираат дали се исполнети сите услови при издавање на лиценци, повисоки казни и можност за пломбирање се изготвуваат во министерството за економија.

Заменик министерот за економија и труд соопшти дека со регулаторната гилотина се направени законските измени во кои се вклучени лиценците за угостителски објекти а со кои се остава на совеста и сосвесноста на сопствениците. Затоа во министерството се на став да се формира Комисија составена од професионалци од УЈП, ДЗС, МВР и пазарниот и трудовиот инспекторат.

Колку ќе трае најавениот мораториум Владата сеуште нема утврдено но во тој период без разлика дали се државни објекти како градинки, училишта, театри, или приватни објекти ќе треба да се отстранат недоследностите утврдени со контролата. Контролите траат а кога ќе завршат Владата ќе ги објави јавно.

Во моментов инспекциските служби вршат контроли на големите ресторани каде што се одржуваат прослави и свадби но е нејасно дали кај тие што ќе бидат утврдени неправилности ќе важи мораториумот или пак веднаш ќе им бидат одземени лиценците.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Јон Вардар против галаксијата“ премиерно прикажан во Москва

Дејан Дејан

Најмалку 90 лица загинаа во израелските напади врз Газа во последните 48 часа

Дејан Дејан

Во Рим денес продолжуваат преговорите за иранската нуклеарна програма

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе