Одлуката за зголемување на минималната плата за 2.200 денари е законска и покрај тоа што нема согласност од Економско социјалниот совет како што е воспоставената пракса, тврди заменик министерот за економија и труд Марјан Ристески.
Економско социјалниот совет е блокиран бидејќи Владата со месеци го одолговлекува утврдувањето на репрезентативноста на ССМ, а Ристески кажа и дека доколку се утврди по броењето на членови дека ниту еден Синдикат не е репрезентативен тоа не смее да го спречи законското зголемување на минималецот.
Од УПОЗ со реакција дека се крајно незадоволни бидејќи Владата за прв пат одлучи за платата без да се консултира со работниците