Обвинителството собира докази за трагедијата во Кочани каде во дискотеката Пулс живтото го загубија 59 млади луѓе и над 190 повредени. Според информацииите оттаму, Тимот обивнители ги анализира прелиминарните извештаи од увидот, запленетите документации, но и законските надлежности на осомничени. Закони и прописи постоеле на хартија, а досега не пронашле скоро ниеден кој бил почитуван. Ова за „Српска политика“ го изјавил, државниот обивнител Коцевски. Според него станува збор за општа ерозија на системот, култура на непочитување на законот и правилата, но и длабока системска корупција.
„Сите докази до сега упатуваат на сомневање за основно кривично дело – Тешки дела против општа безбедност поради директно загрозување на животот и телото на лица, за што е предвидена казна до 20 години. Се истражуваат и давање и примање на мито, незаконитости во набавката на пиротехнички средства, како и неколку други кривични дела. Ќе одговараат и тие кои со неработење и непочитување на службените должности сносат дел од вината за катастрофата. Предолго се толерирало непочитувањето на законот, а исходот е поразувачки за сите нас. Сега сите бараат правда и правдата мора да биде задоволена“ изјави Љупчо Коцевски, државен јавен обвинител за медиумот „Српска политика“.
Најдоцна до утре кога истекува и вториот 48 часовен притвор за најголем дел од осомничените, обвинителството треба да донесе одлука за кого ќе започне формална истрага затоа што притворот не може да се продолжува и понатаму без постпаката да продолжи во следна фаза . Вкупно 26 осомничени од кочанското обвинителство се со краткотраен притвор меѓу нив се и екс министерпт за економија Крешник Бектеши, поранешната државната секретарка во министерството Размена Чекиќ Дуровиќ, поранешните директори на ДЗС и ДПИ, Беким Максути и Горан Трајковски, обезбедувачи вработени во државни институции. На распит во обвинителството беше градоначлникот на Кочани Љупчо Папазов кој си даде оставка но неговото својство во оваа постапка се уште не е потврдено.
Дополнителено од вчера вечер во 30 дневен притвор се уште 7 мина полициски службнеици поранешни началници и инспектори од Штип и Кочани. Специјалнизраното одделение за полицајци во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција ги сомничи дека без проверки и без контрола, на сопственикот на дискотеката Пулс му издале документи кои биле искористени во 2023-та да добие лиценца . Иако условите биле супстнадардни, имало и повеке инциденти претходно и дале соглансости дека кабарето ги исполнува условите за сообраќај и јавен ред и мир соопштија вчера и од полицијата и од обивнителството. Од кривичниот суд потврдија дека денеска почнале да пристигнуваат и жалби на притворот а одлука ќе има наредните денови.
Елена Ивановска Мукоска