Вести Македонија

Вреди ги гради позициите за локалните – има недоразбирања ама и конструктивност, велат лидерите

Има недоразбирања ама има и конструктивност. Лидерите на Коалицијата Вреди вака ги коментираат последните случувања во коалицијата, додека се градат позициите за претстојните локални избори.

Вчера Таравари, денеска Касами – и двајцата потврдија дека сѐ уште има нејаснотии за настапот на изборите.

Се спогодиле околу опцијата за заедничките кандидати за градоначалници, но се чека одлуката за советничките листи.

„Од сите други субјекти во рамките на Влен доминира идејата дека вредноста на секој поединечен субјект е поголема како дел од коалицијата, отколку надвор од неа. Останува Алијансата за Албанците да одлучува дали ќе биде дел од коалицијата на локалните избори или ќе оди посебно. Јас сум сигурен дека на крај ќе излеземе со еден став дека ќе одиме заедно и за градоначалници и за советници“, вели Биљал Касами од Движење БЕСА. 

Предводникот на крилото на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, негира дека тие барале 40% од имињата на кандидатите за градоначалници на Вреди, да доаѓаат од неговата партија.

За советничките листи, понудиле две опции – едната е сите субјекти да настапат одделно.

„Или втора опција којашто сум ја побарал е трите партии од Влен да бидат заедно, а ние да бидеме посебно. Чисто, мислам дека ако ги ставиме сите партии во една листа ќе има револт – зошто од оваа партија, зошто од таа партија. Мислам дека што повеќе имиња имаме во листите за советници, толку повеќе имаме мотивација кај членовите за да лобираат и да бидат активни на избори. Тука се дилемите. Инаку за проценти воопшто не е разговарано“, кажа Арбен Таравари, од Алијансата за Албанците, во вчерашната Топ Тема. 

Биљал Касами од БЕСА, потврди дека за Чаир кандидатот ќе биде од партијата на Изет Меџити, за Тетово и Желино од Движење Беса, а Гостивар од Алијанса за Албанците.

Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Во Рим денес продолжуваат преговорите за иранската нуклеарна програма

Дејан Дејан

Загинати 80 лица во американските напади врз Јемен

Дејан Дејан

Нови дигитални услуги на МВР достапни на интернет

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе