Владата предлага меѓу членовите на Регулаторната комисија за енергетика да се врати професорот од машински факултет Атанаско Туневски.
Тој и претходно беше дел од ова тело но е и добро познат во јавноста. Освен што е професор на машински факултет се уште е и политички активен.
Првично беше дел од ВМРО ДПМНЕ и во тоа време беше директор на МЕПСО, потоа се приклучи кон СДСМ и во 2018 година беше избран за член на РКЕ. Од пред извесно време тој е член ан ЗНАМ.
Тој беше и против потпишување на договорот со грчка компанија за изградба на Чебрен но и против некои од стратешките инвеститори на претходната Влада.
Вториот член на РКЕ кој се предлага е Ирфан Шаќири. Со одлука на собранието на 16 декември лани беа разрешени два члена на РКЕ, а во февруари се објави оглас за именување на нови.
Инаку, РКЕ е самостојно тело кое го регулира и контролира начинот на вршење на енергетска дејност. Составено е од 7 члена од кои едниот е претседател.