Промо тв Серии

СИНА МЕСЕЧИНА – прва епизода – понеделник, 31 март 2025 – сериски филм – од понеделник до четврток – 23:40

Џастин Лориер, врвена специјалистка за воени експлозиви, се враќа дома од мисија во Авганистан и дознава дека нејзиниот татко загинал во сомнителен несреќен случај. Нејзиниот татко ѝ ги оставил во наследство мнозинскиот пакет акции на неговата приватна паравоена компанија Блу Мун (СИНА МЕСЕЧИНА). Џастин избира да не биде пасивен партнер, туку да ги преземе уздите, предизвикувајќи жестока реакција од преостанатото раководство на овој таинствен бизнис. Наскоро Џастин доаѓа на чело на тврдокорна приватна фирма за обезбедување, и специјални воени операции, полна со профитабилни владини договори и бизниси во светот на незаконски активности во име на националната безбедност и државните тајни. Животот на Џастин штотуку доби неочекуван и многу опасен пресврт од кој таа одбива да се повлече. За кратко време ќе биде вовлечена во заговори и опасности,  наспроти возбудливите операции на самата организација.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

СЕНКИ – сериски филм – од понеделник до четврток – 22:15

Дејан Дејан

НАСЛЕДСТВО – ТВ новела, ПРВА ЕПИЗОДА, четврток, 10 април 2025, 13:40

Дејан Дејан

СТРАВ ПОКРАЈ ЕЗЕРОТО – сериски филм – прва епизода петок, 28 март 2025 – 20:30

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе