Кошарка Спорт

(Видео) Оклахома подобра од Бостон и официјално обезбеди плеј-оф

Оклахома се радуваше во Бостон со 112-118 за да го потврди своето место во плеј-офот и да се зацврсти на првото место во Западната конференција. Шеи Гилџеус Александер со 34 поени и Чет Холмгрен со 23 поени и 15 скако ги предводеа Тандер до триумфот. Џејсон Тејтум имаше 33 поени за Селтикс, а целосно потфрли Џејлен Браун, кој запиша само 10 поени за шампионот.

Денвер на домашен паркет загуби од Минесота со 95-115. Ентони Едвардс со 29 и Џулиус Рендл со 25 ги предводеа гостите до триумфот. Никола Јокиќ беше најефикасен кај Нагетс со 34 поени.

На останатите натпревари, Богдан Богдановиќ со 30 поени и 10 скока ги предводеше Лос Анџелес Клиперс до победа од 104-119 во Мајами.

Атланта – Шарлот 123-110
Торонто – Филаделфија 118-105
Хјустон – Феникс 111-104
Мемфис – Јута 122-115
Сан Антонио – Далас 126-116
Портланд – Њујорк 113-114 (прод.)

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Одбојкарките без освоен сет ја завршија Европската лига

Sportska Redakcija

Подмладената Македонија убедливо поразена од Бугарија во Самоков

Sportska Redakcija

Шпанија фуриозно против Саудиска Арабија за прва победа на СП 2026 (ВИДЕО)

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе