Спорт Формула 1

Лосон ќе му биде нов тимски колега на Ферстапен во Ред Бул

Серхио Перез вчера го раскина договорот со Ред Бул, па тимот денеска го промовираше Лијам Лосон во нов тимски колега на формула 1 шампионот, Макс Ферстапен.

Ред Бул не беше задоволен од перформансите на Перез во 2024 година, па иако потпише нов двегодишен договор во месец мај, челниците решија да ја прекинат соработката со Мексиканецот.

Австрискиот состав реши да му даде шанса на Лијам Лосон крај четирикратниот шампион Ферстапен, односно го унапреди од сестринскиот тим РБ. Возачот од Нов Зеланд импресионираше во два кратки мандати во болидот. Прво откако го замени повредениот Даниел Рикардо за пет трки во 2023 година, а изминатава сезона целосно го презема местото на Австралиецот од трката за Големата награда на САД.

Иако многумина очекуваа Јуки Цунода да добие шанса во Ред Бул, Јапонецот следната сезона ќе остане во вториот тим, односно РБ. Негов партнер се оечкува да биде Исак Хаџар, кој моменталнот се натпреварува во Формула 2.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Историски успех на македонското карате на Светското универзитетско првенство во Бразилија

Sasko Dimovski

Хет-трик на Меси против Алжир за победнички вовед на Аргентина во одбрана на мундијалската титула

Sasko Dimovski

Мбапе со рекорд ја одведе Франција до стартна победа на Мундијалот

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе