Парламентот на Ерменија направи уште еден чекор со кој државата се врти кон Западот, одобрувајќи Нацрт закон кој ја повикува владата да бара членство во Европската Унија. Усвојувањето на законот во второто и конечно читање беше последното оддалечување од Русија, додека историските врски се кинат поради, како што вели Ереван, очигледниот неуспех на Москва да го поддржи во конфликтот со соседот и долгогодишен противник Азербејџан.
Законот, кој ја повикува владата на оваа јужнокавкаска држава да го почне процесот на придружување во ЕУ, беше усвоен на 26 март со 64 гласа „за“, сите од владејачката партија Граѓански договор, со седум гласа „против“ од опозициски пратеници.
Премиерот Никол Пашинјан го поддржа нацртот во јануари, но истакна дека за придружување во ЕУ е потребен референдум. Ерменија би морала да спроведе и големи реформи во правосудниот систем и други области за да има шанси да се придружи на Унијата.
Русија ја предупреди Ерменија дека вртењето кон ЕУ може да ѝ наштети на различни начини, особено економски.