На Охридскиот аеродром попладнево пристигнаа првите 45 патници од летот Истанбул-Охрид со што и официјално е означен стартот на новата авиолинија на турската компанија „Туркиш Ерлајнс“
Летовите на оваа релација ќе се реализираат четири пати неделно, во понеделник, четврток, петок и недела.
Првите патници од Истанбул на Охридскиот аеродром ги пречекаа премиерот Христијан Мицкоски, и вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, заедно со извршните директори на ТАВ Аеродроми и Туркиш Ерлајнс, Серкан Каптан и Билал Екси, како и амбасадорот на Турција во Макеоднија Фатик Улусој.
На свеченоста по повод првиот лет Истанбул- Охрид беше посочено дека оваа линија има огромно значење за развој на туризмот и бизнисот, но и за поврзување на двата народа.