Спорт Тенис

Андреева ја шокираше Швјонтек, Сабаленка лесно против Кијс (ВИДЕО)

Арина Сабаленка ќе се соочи со тинејџерката Мира Андреева во финалето на Индијан Велс во женска конкуренција. Вечерва на програмата се машките дуели од полуфиналето.

Андреева која има само 17 години се пласираше во своето второ мастерс финале по ред откако исто така втор турнир по ред ја победува Ига Швјонтек. Русинката беше подобра во три сета со 7-6, 1-6 и 6-3 што за неа е 11-та победа по ред и воедно стана најмладата финалистка на Индијан Велс уште од Ким Клајстерс во 2001 година.

Нејзина ривалка во големото финале ќе биде првата светска тенисерка Арина Сабаленка. Белорусинката ѝ се реваншираше на Медисон Кијс за поразот во финалето на Австралија опен и тоа со убедливи 6-0 и 6-1.

Вечерва на програмата се машките полуфинални пресметки. Холгер Руне игра против Данил Медведев, додека Карлос Алкараз ќе се соочи со Џејк Дрејпер.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мајами и Мемфис се последните учесници во плеј-офот во НБА (ВИДЕО)

Дејан Дејан

ФОТО галерија: Вардар и Црвена Звезда играа за Кочани, полни трибини на хуманитарниот натпревар

Дејан Дејан

ФОТО: Легендите на Вардар и Црвена Звезда беа дел од хуманитарниот натпревар на Градски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе