Вести Економија Топ вести

Последната шанса за гасното поврзување со Грција ја доби Рапид Билд, ЕИБ даде согланост кумановската фирма да го гради интерконекторот

Европската инвестициска банка даде зелено светло кумановската компанијата Рапид Билд да го гради гасниот интерконектор кон Грција. Ова за Телма го потврдија од Министерството за енергетика. Пред неколку дена преку писмо од банката ги известила надлежните во земјава дека може да се потпише договорот за да почне реализацијата.

Вкупната инвестиција е околу 60 милиони евра. Интерконекторот од грчка страна е речиси готов. Тој е со должина од 123 километри, а македонскиот дел 67 километри и е од Гевгелија до Неготино. Ваквото поврзување со јужниот сосед треба да обезбеди гас од повеќе извори. Во моментов прекуграничната врска е само преку Бугарија.

Претходно се зборуваше дека ова ни е последна шанса да го реализираме проектот, во спротивно грчката страна од нас има право да бара оштета, колку што е нивната инвестиција од грчка страна.

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Рокас: План за раст и реформска агенда не се замена за полноправно членство туку алатка за подготовки

Дејан Дејан

Путин бара привремена администрација во Киев

Дејан Дејан

Koалиција „Сите за правично судење“ бара непристрасна истрага без селективност за борба против корупција

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе