„Последните двајца што останаа, Максим Димитриевски и Горан Минчев се тепаат за фотелји и ги делат последните тендери за да ја наплатат својата улога на последните избори, кога ја предадоа својата партија, а потоа и своите гласачи“, велат од СДСМ,
Според опозициската партија „Христијан Мицкоски веќе работи на создавање на нов инструмент, нов сателит – ЗНАМ 2.0, кој треба да му послужи за разбивање на опозициските гласови на следните избори“.
Од СДСМ додаваат дека поддршката на ВМРО ДПМНЕ е намалена за 150.000 гласови, зашто нема резултати.
„Буџетот е во колапс, а веќе нема пари ниту за редовна исплата на пензиите. Затоа на Мицкоски му се брза да создаде нов инструмент за манипулација на изборниот процес и збунување на гласачите“, велат од СДСМ.
