Намалени нарачки од 10 до 25 отсто, не продолжување на договори за работа а и нема да се пополнуваат празните работни позиции. Кризата во Германија сериозно удри по инвеститорите кои работат во земјава.
Телма веќе објави дека Аптив заминува од земјава. Во погонот во Скопје работат 550 лица. Но производството ќе го сели во Полска и Португалија, а работниците тука ќе ги обештети. Џонсон Мети пак ќе намали број на работници.
Инаку пред неколку дена прашан премиерот како ќе се надомести заминувањето на некои компании од земјава со оглед на тоа што имаат големо учество на бдп и извозот, Мицкоски кажа дека повеќе е загрижен за оние инвеститори кои ќе дојдат тука дали ќе најдат работници отколку за постоечките погони. Според последните податоци на статистика, извозот лани од јануари до ноември во однос на истиот период од 2023 година е намален за речиси 6 отсто.
Инаку според анкетата,најголемите проблеми со кои што се соочуваат странските инвеститори во земјава се корупцијата, судството, бирократијата и недостатокот на квалификувана работна сила.
Симона Петровска