Повторно се ограничуваат маржите. По, анализите од пазарен, Владата одлучи против скапотијата да се бори со веќе добро позната мерка за јавноста која беше критикувана и од експертите и од бизнисот. Ќе се ограничат маржите на 10 отсто на основните прехрамбени производи, но и на хигиенските влошки, пелените, видови гелови за туширање, прашок за перење и други. Одлуката ќе важи до крајот на април.
„Да се донесе одлука за 10 процентно ограничување на маржите во трговија на мало на основните прехранбени производи, но истата да се дополни со средства за хигиена, како детергенти, и плус да се дополни со бебешка храна и други непрехранбени производи кај кои се забележани многу високи маржи“, изјави Марија Митева, портпаролка на Влада.
Ова е всушност есенската кошничка која се воведе лани и со која се ограничија маржите на 73 производи. Овој пат разликата е во тоа што со одлуката се опфатени и некои непрехрамбени производи.
Дополнително ќе се види дали ќе има потреба покрај ограничените маржи да се носат и кошнички за празниците кои следат. А на трговците им се препорачува да ги објавуваат цените на сите производи и да ги ажурираат на дневна основа.
Ваквите одлуки дојдоа откако на владина седница се разгледаа извештаите од пазарен од кои можело да се види дека производи од увоз до рафт во маркет добиваат маржи и до 70 отсто. Бизнисот пак бараше државата да јги тргне царинските давачки кои смеат дека се главна причина за високите цени.
Последната кошничка пак која се донесе пред крајот на минатата година го зголеми револтот на граѓаните кога дел од производите минимално поевтинија а други значително поскапеа. Па додека се одлучуваше за мерки решија да ги бојкотираат маркетите.
И додека се чека последниот податок од статистиката за инфлацијата, ССМ пресмета дека на едно четиричлено семејство му требаат над 1000 евра за да го истурка месецот, но од владата сметаат дека треба да има промени во пресметката на кошничката.
Ирена Чачкова