Вести Најважни Спорт

Почина Александар Јовиќ – тажна вест на неколку часа пред првиот настап на Македонија на ракометното СП

Утрово, на неколку часа пред првиот настап на Македонија на ракометното СП во Хрватска, Данска и Норвешка, македонскиот ракомет го потресе тажна вест – ненадејно почина на долгогодишниот репрезентативец и тренер Александар Јовиќ.

Роден е на 24 септември во 1973 година во Бјелина и низ годините градеше успешна ракометна кариера. Беше дел од екипите на Слобода Тузла во БиХ, на Сплит во Хрватска, на Апатин во Србија, на Болоња во Италија. Најголемите успеси на клупски план ги постигна во Македонија, во дресовите на Вардар, Пелистер, Јафа Промет, за Борец, а играчката кариера ја заврши во Металург во 2009 година.

Со репрезентацијата на Македонија настапи на неколку европски и светски првенства.

Тренерската ја почна во Автокоманда. Беше на кормилата на првиот и вториот тим на Металург, а потоа работеше во Битола, во екипите на Еурофарм Пелистер 2 и во првиот тим, каде имаше голем успех и ја врати титулата по 18 години. Последен негов ангажман беше на кормилото на Тинекс Пролет.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(ВИДЕО) Претседателката Силјановска за судските реформи: Без финансиски средства нема независно судство

Дејан Дејан

(ВИДЕО) Владеачкото мнозинство ги одбива амандманите за Закон за судска служба

Дејан Дејан

Земјоделците да се внимателни кога наводнуваат и користат механизација во близина на далекуводи – последиците можат да се сериозни предупредија од АД Мепсо

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе