Од 1990 години наваму, архитектонското ткиво во Македонија е разорено. Имаме градови со разорена урбанистичка целина, сѐ е комерцијализирано, а за да се поправат работите потребно е поедноставување на урбанистичките и на законите за градба и да се слушаат ставовите на искусните архитекти.
Ова во ексклузивното интервју за Телма го кажа Методи Хаџи- Андов, управител на архитектонското студио Параметар, кое ја доби Големата годишна наградата на Асоцијацијата на архитекти на Македонија , за најдобар реализиран проект во 2024 година.
Се работи за проектот Мултифункционалниот комплекс во село Ржаничино, општина Петровец, зад кој стои компанијата за пренос на природен гас, ГА-МА. Во интервјуто Хаџи -Андов зборува и за односот кон непристојните барања од инверститорите и за значењето на Големата годишна награда на ААМ.
Со лауреатот разговараше Сотир Трајков.