Слики, цртежи и графики во различен формат, вкупно 90 на број, ја сочинуваат изложбата со ретроспективен карактер, со која Националната галерија на Македонија одбележува 100 година од раѓањето на нашиот истакнат сликар и еден од претставниците на повоената генерација македонски уметници, Ристо Лозаноски.
За кусиот животен век од 42 години, Лозаноски создал богат опус на дела, па постановката во Даут- пашин амам е навраќање кон неговото творештво, 38 години по последната постхумна ретроспективна изложба, организирана во Музејот на современа уметност и презентацијата 1995 во истата институција на неговите цртежи, направени пред смртта 1965, во белградската болница. Изложбата ја подготвија кустосите Маја Неделкоска- Брзанова и Маја Чанкуловска- Михајловска.
Една од основните дејности на секоја институција од овој вид , не е само собирање, чување, заштита и презентација, туку и оној едукативен момент.Бидејќи дури и повозрасните генерации малку го имаат подзаборавено Ристо Лозаноски. А, па за помладите воопшто не станува збор, рече Чанкуловска- Михајловска.
Јубилејната изложба вкулучува дела од сите фази во творештвото на Ристо Лозаноски, претставувајќи го неговиот интерес кон различниот ликовен израз.
Од творби реализирани по дипломирањето сликарство на Академијата во Белград, 1931 година, преку дела со теми од НОБ, чиј учесник бил авторот, етнолошки теми, женски актови, фигурации, пејзажи, портрети и енформел, чиј развој на нашата ликовна сцена во шеесетите години на минатиот век, е поврзан со уметничкиот ангажман на Ристо Лозаноски.
Иако е роден во кичевското село Големо Илино 1923 година, Лозаноски пораснал во Прилеп, каде и започнал да учи сликарство од познатиот наставник и уметник Велебит Рендиќ. А, љубовта кон својот град често ја преточувал во неговите дела, што е особеност за уметничко проседе на овој сликар.
Тој го претставува прилепското подневје не само преку „ Марковите кули“, за кои што имаме сведоци од 3 различни варијани, 3 различни периоди, туку тој ја претставува земјата, всушност и вегетација околу Прилеп. Инспириран е и од карпите. И исто така има многу значаен циклус кој што од прилика паралелно се одвивал со овој циклус „ Карпи“, кој што е наречен „ Тутуни“, вели Чанкуловска- Михајловска.
Во кусата уметничка кариера Ристо Лозаноски направил 20 самостојни изложби, а учествува и на повеќе групни. А, оваа јубилејна , посветена на неговите уметнички бравури , за посетителите во Даут-пашин амам ќе биде отворена до 27 февруари , престојната година.
Сотир Трајков