Вести Економија

Потребен е интегриран систем за контрола, а не товарот да падне на Комисијата за заштита на конкуренцијата

Законот за нефер трговски практики е една есенцијална работа која што може многу да придонесе во однос на регулирање на внатрешните случувања помеѓу производителите и трговците, посочи во вечерашната Топ Тема Горан Ѓорѓиевски од Сојузот на стопански комори.

Особено од аспект на тоа дека државата како регулатор со тој закон ќе може да влезе внатре и да го види текот на функционирање во однос на финансиите, во однос на профитабилноста. Тука ја наоѓаме суштината. Комплексен е многу законот и темата е навистина огромна затоа што имате многу групи на различни производи, има многу варијабли, меѓутоа сепак со законот, според мене, една суштинска работа е дека државата конечно смее да влезе во тоа и да ги види процесите во било која група на производи. Ќе видиме каква е профитабилноста, на пример во некоја група на производи е голема, таму ќе влијаеме со некои мерки, некаде е коректно и ќе ја оставиме, рече Ѓорѓиевски

Професорот Бауш посочи неколку забелешки за законот. Покрај пролонгирањето на неговата примена, Бауш забележува и тоа што комисијата која треба да работи на пријавите има само пет членови. Според него, за да вистински функционира овој закон потребно е да се направи едно големо тело во кое ќе учествуваат сите чинители.

Како што сега неформално се споија министерствата со производителите, со стопанските комори, со синдикатите, да се направи формално тело во кое активно ќе учествуваат и регулаторните тела од сите министерства и инспекциските служби, не само пазарната инспекција. Затоа што овој закон нема да профункционира ако се остави само на овие пет членови. Ефектот да се добие, тие нефер практики да се откријат и да се стави забрана, треба да се направи интегрирано да се бориме против нив, не може сега да оставиме на милост и немилост на неколку луѓе, кои за волја на вистината кај нас во државата можат да потпаднат под разни притисоци. Затоа тоа треба интегрирано да се направи, и регулаторни тела и инспекциски надзори, рече бауш.

Осврнувајќи се на периодот за мониторинг, заменик министерот за економија Марјан Ристески за да се откријат потенцијални проблеми во неговата примена. Забележани биле повеќе проблеми од кои, според Ристески, три се основни.

Еден од главните е повратокот на роба од страна на маркетите, вториот проблем е на одредени случаи каде има двојни ценовници, тука многу треба да се внимава. Ако е така, тоа е веќе уценување на добавувачите. Има и други помали проблеми кои што се нотирани и затоа после 1 јануари сите добавувачи и производители кои имаат договори со трговците, ќе можат да ги известат и по пријава да постапуваат. Држи место во иднина доколку нема капацитет, ќе видиме во првите три, четири месеци, како ќе биде. Можеби ќе гледаме да дел од она што сега го имаат како ингеренции, би се предале и на пазарната инспекција. Но, да не сугерираме претходно, прво да ги видиме резултатите од контролите. Еден од нотираните проблеми е и маркетингот, рече Ристески.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Марија Ангеловска ја доби наградата „Енхалон“, а Лју Јуе „In vino veritas“ на Струшките вечери на поезијата

Дејан Дејан

Сега е моментот за проширување и да сум на ваше место би ја искористил оваа можност, литванскиот министер за надворешни работи со порака до Македонија

Дејан Дејан

Десетици цивили убиени во пакистански воздушни напади во Авганистан

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе