Вести Култура

Проекција на кратките филмови на младите филмаџии од „Филмската училница“ во Кинотека

Во киносалата на Кинотека, вечерва, ќе бидат прикажани кратките филмови „Агент Блу“ на Јана Денковска, „Колач“ на Костадин Тасевски и „Фејктопија“ на Максим Котески и Алек Дуковски, кои се учесници на работилницата „Филмска училница ФИЛМЕЈ“, која е во организација на Кинотека и Гете Институт – Скопје.

Како што информираат од Кинотека, по проекцијата на кратките филмови, ќе следи кратка дискусија за филмовите.

“Филмските училници во чии рамки се направија овие кратки филмови се одржуваа секоја сабота во Кинотеката, во текот на првото полугодие од учебната 2024/25 година, и во нив учествуваа деца на возраст од 11 до 14 години. Тие, заедно со режисерот Саша Станишиќ, како и филмските автори Светислав Подлешанов и Кирил Каракаш учеа за филмската уметност и работеа на своите први кратки филмчиња, во улога на режисери, сниматели, актери и сценаристи“, стои во соопштението.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Општина тетово и даде помош од 18.000 евра на ИВЗ

Дејан Дејан

Со наградите за животно дело – започна 60-тото издание на фестивалот „Војдан Чернодрински“

Дејан Дејан

Од 30-мината кои земале плата од ИЈЗ без да доаѓаат на работа, останале само уште двајца или тројца

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе